ЈОУДГ „Рада Поцева“ – Кавадарци П Р О Г Р А М А

За работата на советот на воспитувачи во детската градинка „Рада Поцева“ Кавадарци за воспитната 2020/21 година

СЕПТЕМВРИ 2020 година

Раното детство е важно за севкупниот развој на личноста. Теориите и истражувањата укажуваат на значењето на раното детство за интелектуалниот, емоционалниот и социјалниот развој, а со тоа и на важноста на организираното создавање услови за тој развој. Теоријата и практиката го промовираат холистичкиот пристап во поттикнувањето на раното учење и развој кај малите деца. Општествените процеси на демократизација се рефлектираат во воспитно-образовната работа со децата од предучилишна возраст и бараат доследна практична примена на стручно-научните сознанија, како и доследна примена на хуманистичко-теоретскиот, педагошко-психолошкиот процес во толкувањето на детската личност. Целокупните воспитно-образовни активности во предучилишното воспитание се насочени кон почитување и задоволување на потребите, интересите и можностите на секое дете. Развојот претставува процес на промена, кој настанува како резултат на почитување на индивидуалните карактеристики на детето, следење на неговите внатрешни сили и природниот развој во кој детето ги зголемува и ги зајакнува вештините за движење, размислување, чувствување, зборување. Воспитувачите во градинката/центарот за ран детски развој преземаат активности со цел да креираат услови за сознавање и учење по пат на игра, интеракција (дете-дете, дете-возрасен), активирање во истражувачко-откривачки процеси и решавање на различни проблемски ситуации од страна на секое дете, со што се поттикнуваат и развиваат моторичките, јазичните, когнитивните и социо-емоционалните вештини. Сите овие елементи се клучни детерминанти во процесот на развојот, учењето и постигнувањето на успех во понатамошниот живот. Холистичкиот пристап, на кој се базира развојот и учењето на детето од предучилишна возраст, се однесува на обезбедување на безбедна и сигурна околина за учење и развој, зајакнување на развојната подготвеност за училиште, како и формирање на правилни навики за заштита на здравјето на детето.      

Врз основа на член 168 став (5) од Законот за заштита на децата („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 22/13 и 12/14), министерот за труд и социјална политика донесе ПРОГРАМА ЗА РАНО УЧЕЊЕ И РАЗВОЈ според која воспитувачите ги организираат своите активности со децата. Со оваа програма се уредуваат теоретските основи и принципи за рано учење и развој базирани врз Стандардите за рано учење и развој, цели, примери на активности, очекувани резултати , соработка со родителите итн.

Програмата оваа 2020/21 година останува иста со потребните отстапувања во однос на протоколите донесени од Владата на Република Северна Македонија во време на пандемија од Корона вирусот.

Групите од 0-2 години ќе бидат ограничени со најмногу присутни – 6 деца.

Групите од 2-6 години ќе бидат ограничени со најмногу присутни – 15 деца.

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ВРЕМЕТО

Во детската градинка, во текот на денот, се одвиваат најразлични воспитно-образовни активности во интерес на раното учење и развој на децата. Тоа се следниве активности: прием на деца, слободни активности и игри, исхрана, реализација на дневното планирање (претпладне и попладне), пасивен и активен одмор, реализација на факултативни програми (доколку има интерес од родителите), моторички активности, прошетки, набљудувања, активности за стекнување културни и хигиенски навики, учество во различни манифестации, индивидуална работа со деца и родители (по потреба).

УЛОГАТА НА ВОСПИТУВАЧОТ

Согласно целите на воспитно-образовната работа, улогата на воспитувачот во градинката се состои од:

– следење на детскиот развој индивидуално;

– почитување на детските индивидуални разлики, потреби и предлози при планирањето и реализирањето на воспитно-образовната дејност (интегрирано);

– мотивирање на децата за различните видови активности;

– следење и вреднување на воспитно-образовниот процес, самовреднување и рефлексија;

– водење досие на детето;

– развивање елементарна способност за самовреднување кај децата;

– градење партнерство со семејството;

– соработка со училиштата и локалната самоуправа;

– почитување на детскиот избор и негово користење во насока на реализирање на конкретните цели;

– реално планирање, усогласување со можностите, потребите и интересите на децата, условите во потесната и пошироката средина;

– тимско работење, соработка со стручни, научни и други институции во пошироката средина;

– обезбедување стимулативна средина, позитивна социо-емоционална клима, нагледност и автентичност во воспитно-образовниот процес;

– поттикнување на децата кон истражувачки, откривачки, креативни процеси и кон активирање во планирањето и реализацијата на целите и др.

СОРАБОТКА СО РОДИТЕЛИТЕ

Соработката на детската градинка со родителите и квалитетната комуникација на релација воспитувач-родител е еден од основните фактори, насочени кон обезбедување на правилен и оптимален развој и учење на детето.Во реализацијата на целите, содржините и активностите од оваа програма предвидени во рамките на секој аспект од развојот на детето, треба да се обезбеди:

– поттикнување на родителите за учество во креирање на годишната програма за работа на детската градинка;

– поттикнување на родителите за нивно активно вклучување во подготовката за воспитно-образовниот процес (договори за реализација на одредени теми, изработка на дидактички средства и материјали за реализација на воспитно-образовната активност и сл);

– поддршка на родителите за учество во реализација на дел од планираните содржини;

– присуство на родителите во детската градинка  во процесот на адаптација на детето, на работилници во градинката во врска со различни поводи и празници, присуство на заеднички прослави, приредби на децата, излети и сл;

– организирање на родителски средби и разговори со родители (индивидуални, мали групи и заеднички);

– информирање на родителите (усно и писмено – интернет комуникација, огласна табла, билтен, информативни материјали и др.) во врска со развојните постигања и напредувањето на децата, како и со актуелните настани во градинката;

– консултативни разговори со цел навремено реагирање и конструктивно решавање на проблеми поврзани со развојот и учењето на детето;

– учество на родителите во критичкото вреднување на постигањата на детето.

Детската градинка како ресурсни центари треба да бидат подготвени и отворени за едукација и поддршка на родителите.

ПРОСТОРНИ УСЛОВИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ОВАА ПРОГРАМА

Воспитно-образовните активности во просторијата за учење треба да се реализираат во центри за учење. Центарот за учење претставува тематски структуриран простор којшто на децата им овозможува да работат на различен начин и при тоа да се реализираат индивидуалните и групните цели на учење.

Основни центри кои треба да ги има во секоја просторија за учење во градинката се:

– литературен центар;

– математички центар;

– центар за игри со конструктивен материјал;

– научен/истражувачки центар;

– уметнички центар;

– компјутерски/информатички центар;

– центар за игри со улоги, драматизација, куклени претстави;

– центар за изложување на детските творби (во висина на детските очи).

Во просторијата за учење може да има и центар за игри со песок и вода, (поставен во близина на чешма), како и други центри по потреба. Распоредот на мебелот треба да ги поддржува независноста и потребите на децата, како и новите предизвици во учењето. Тој треба да овозможи децата да се движат брзо додека работат. Масите треба да бидат групирани така што ќе биде направен простор за работа за 4 до 6 деца. На штафелаите и малите табли може да се работи и без столчиња. Материјалите за учење треба да стимулираат активно и конкретно истражување, при што ќе доминира методот на игра. Во секој центар треба да има соодветни материјали што ќе одговараат на индивидуалните потреби и стилови на учење. Изложените изработки на децата во просторијата за учење треба да се менуваат често. Во истите треба да се изложуваат такви изработки во кои може да се види како течел процесот на учењето. Секој центар за учење треба да им помогне на децата да бидат активни во процесот на учењето и да има активности што се одвиваат на две нивоа: конкретно и сликовито.

Современиот начин сознанија во делот на предучилишното воспитание и образование укажуваат на тоа да овој период  на детскиот развој е најинтензивен период во кој се формираат основните квалитети на личноста, од кои зависи натамошниот развој на идниот човек. Во овој период детето се социјализира, трансфомира, афирмира, се развива и усовршува неговата моторика, се богати и култивира неговиот говор, се задоволуваат потребите на детето за игра и контакти со врсници и возрасни,се развиваат творечките потенцијали кај детето,се создаваат хигиенски,културни, работни навики и др. Следеќи ги современите светски и европски текови во предучилишното воспитение и образование, во нашата јавна установа се реализира програмата за Ран детски развој која опфаќа разни форми на подршка за промовирање на здрав детски развој и се создаваат услови за неговиот понатамошен развој и тоа преку развојните домени:

  1. Здравје и моторен развој
  1. Социо-емоционален развој
  2. Пристап кон учење
  1. Јазик, комуникација и творештво
  2. Когнитивен развој и стекнување на општи знаења

Програмски активности 

Основа за напредокот и модернизацијата на градинката и оваа година ќе биде постојаното стручно усовршување на воспитно-образовниот кадар за примена на најновите сознанија и иновативни методи и форми на работа.

Рализацијата на планираната воситно образовна дејност се одвива во текот на цела година  во целодневниот престој на децата во градинката, без строга поделба на активности и со интегрален приод на сите домени .

Воспитувачите  воспитно – образовната работа ја реализираат со асистенција на негователките, а во консултација со директорот, педагогот, психологот, логопедот, дефектологот и стручните соработници по физичко и музичко воспитување.

      Во текот на воспитната 2020-2021 година ќе се реализираат програмските содржини разработени во тематски целини и области на воспитно образовната работа низ следните чекори: планирање, реализација, следење, вреднување –евалуација рефлексија.

Воспитно-образовната работа се планира и реализира интегрирано.

Појдовна основа пак за успешно остварување на дејноста е тимскoто работење, соработката со стручните работници и соработници на ниво на установа , соработка со стручни, научни и други институции во соработка со пошироката средина.

Воспитно-образовната работа се планира и реализира интегрирано.

  Активностите  по сите  воспитно-образовни домени се планирани и евидентирани во долгорочното годишно планирање, среднорочно тематското и дневното планирање. Планирањата се во склад со Програмата.

Воспитно-образовната програма ја реализираат воспитувачи кои се организирани во Совет на воспитувачи, тим на воспитувачи на воспитните групи на ниво на установа и тим на воспитувачи на ниво на објект. Тие се договараат и ги изработуваат планирањата кои се реализираат по сите воспитни групи.

При планирањето, воспитувачот јасно и прецизно  ги дефинира домените, субдомените и стандардите за ран детски развој согласно возраста на децата, а потоа определува активности со кои најефикасно ќе ги реализира определените цели од воспитно-образовните домени; Воспитно образовната работа, во сите воспитно образовни групи се планира тематски што резултира од позитивните ефекти на досегашното тематско планирање во установата.

Периодично планирање кое опфаќа: 

  • планирање и реализација на одбележување поважни празници

и свечености  во текот на годината ,

  • активности за следење процесот на адаптација на децата во првиот месец на престој во градинката.
  • Следење на развој на детето.

Со децата се реализира  слободни и организирани игри, прошетки и набљудувања, музички активности, графичко и ликовно истражување.

 Изборот на содржините, активностите и темите поаѓаа пред се од

  • карактеристиките и специфичноста на возраста на децата ;
  • карактеристиките и специфичноста на самата воспитна група;
  • социјалната структура на групата и условите за работа;
  • програмата која воспитувачот ја користи како документ во својата работа.

 Ваквиот пристап во планирањето и реализацијата на работата, имаше за цел да се потикне развојот на самостојноста на детето, љубопитност, сознајните вештини, да се овозможи социјализацијата.

ЈАВНА И КУЛТУРНА  ДЕЈНОСТ ВО УСТАНОВАТА

Структурираноста на програмските активности за воспитно образовна работа со децата опфаќа повеќе полиња со активности кои, сите заедно сочинуваат една целина преку која се овозможува комплетно работење и постигнување напредок во целокупниот развој на децата.

Едно од тие полиња кое е важно за претставување на градинката во јавноста е јавната и културна дејност.

 Цел на програмата:

– Вклучување на градинката со разни активности во јавните случувања во градот;

– Одбележување на значајни празници на ниво на објект, установа и пошироко;

– Подготовка на децата за јавен настап.

Во воспитната 2020/21год.ги планираме следните активности:

  1. ДЕТСКА НЕДЕЛА: Прва манифестација која секоја година ја одбележуваме е Детската недела. Да ги почитуваме сите детски права, да им обезбедиме здрава околина е визија не само на воспитувачите туку и на граѓаните на општината. Грижата за здраво, радосно и безгрижно детство во текот на годината е можност да ја покажеме токму оваа недела.  Главен координатор на овој проект т.е на оваа манифестација која ќе трае 4 дена е Педагогот по физичко Елеонора Атанасова.  Детската недела ќе трае од 07-10 Октомври 2019 година.  За оваа година мотото врз која база ќе биде водена манифестацијата Детска недела е “Имаме право на среќно детство”.  Во рамките на Детската недела, која што е и законска манифестација наменета за децата член 221 од Законот за заштита на децата се спроведуваат низа активности во сите објекти.
  2. ЕСЕНСКИ БАЗАР – Испраќање на есента: Есенска прослава во секој објект се организира од страна на тимот на воспитувачи и негователи во соработка со стручниот тим на градинката и Советот на родители. Планирана е соработка со родителите, на Есенски базар на кој ќе има изработки од рацете на дечињата и тие ќе имаат можност својот труд да го продаваат во улога на продавачи а родителите во улога на купувачи ќе дојдат да се израдуваат и да купат од своите најмили.
  3. НОВОГОДИШНА ПРОСЛАВА: Секоја година воспитно згрижувачкиот тим со голем интерес и труд со цел среќни и радосни дечиња, со сопствено сценарио и тие како актери ги разубавуваат предновогодишните денови на дечињата со Новогодишна претстава. Оваа година објект “Гроздоберче” се задолжен за комплетна организација и реализација и претставата ќе биде изведена во сите објекти.
  4. МАРТОВСКИ ПРАЗНУВАЊА: Март месец со многу прекрасни празници кои посебно ги стоплуваат детските срца, па и на родителите поради тоа овој месец го започнуваме со пречек на Баба Марта- олицетворение на пролетта со Хуманитарна акција ПОДАРИ МАРТИНКА – ИЗРАДУВАЈ ДЕТЕ па дечињата од големите групи ке излезат во центарот на градот каде ке продаваат изработени мартинки од нивните рачиња. Тие со гордост парадираат низ улиците на градот и го покажуваат својот труд и го нудат на случајните минувачи.
  5. ЦВЕТНО ДЕФИЛЕ: Денот , кога ја дочекуваме пролетта, е момент кога има многу радост а посебно кај најмладите, па затоа секоја година го правиме посебен. Па и оваа година ке се организира во сите објекти Цветно дефиле па сите дечиња украсени како најразлични цветови ке ја дочекаат пролетта со музика, песна и игра на плоштадот на нашиот град. Како цветови во најразлични бои симболично со танц ке ја пречекаат пролетта на задоволство на граѓаните на нашиот град. Пролетта ке ја дочекаат и помалите воспитни групи со активности според нивната возраст.
  6. АПРИЛИЈАДА: Традиционално, оваа година со интересни маски ќе продефилираат дечињата и маскирани во своите омилени ликови ќе го одбележат денот на шегата 1-ви Април. Дечињата ќе бидат учесници на дефилето организирано од Општината на град Кавадарци и со насмевки на лицето ќе продефилираат низ улиците на нашиот град. Оваа година одлучивме маскенбал во интерес на дечињата да направиме во дворот на градинката. Ова е ден кога шегата царува, па за тоа преку разни досетки и песнички подготвени од воспитувачките и дечињата ќе се претставивме пред родителите кои ќе бидат поканети да го видат сето она што го научиле нивните дечиња.
  7. ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ЈУБИЛЕЈ

Како и секоја година, на 07 Април заедно со дечињата и вработените во градинката ке се празнува роденден на ЈОУДГ “Рада Поцева”   Ќе биде организирана прослава со полагање на цвеќиња на бистата на “Рада Поцева”- нашиот патрон. Ќе има организирано прослава во која ке бидат поканети гости кои што ке бидат пречекани со приредба од дечињата. А секој објект ке има активности со кои ке го  одбележат патронот на градинката.

  1. ЕКОЛОГИЈА Екологијата дечињата иако мали,  како прави екологисти како и секоа година и оваа ке го прослават роденденот на планетата земја 22 Април, па по тој повод ке се организираат разновидни активности според возраста на дечињата.

 ЕКО – акција за чист и уреден двор

Садење зимзелени дрва

Садење најразлични цвеќиња во цветната градина

Сеење на семе во зеленчуковата градина

Сликање на тема ”Живеам во чиста и здрава околина”

Делење на флаери со Еко – пораки

Рециклирање на стара хартија          

  1. СООБРАЌАЕН КВИЗ: Основните сообраќајни познавања на квиз натпревар “Весел Детски Семафор” дечињата ке ги докажуваат поделени во групи. Секој објект со своја екипа во Домот на Култутата Иван Мазов –Климе ке се натпреварува со своите знаења за движење, основни сообраќајни знаци и нивни ознаки. Овој традиционален настан е во соработка со Општинскиот Совет за Безбедност во сообраќајот на патиштата Кавадарци.
  1. Свети Кирил и Методиј Ден на Словенските просветители, заслужни за изумување на глаголицата ќе го одбележиме во соработка со библиотеката “Феткин” каде дечињата ке слушаат текстови од Детска литература и ќе пишуваат букви во дворовите на градинките.
  2. ЗАВРШНА ПРИРЕДБА Оваа година децата ке кажуваат Збогум Градинке со една музичка приказна проследена со игра и песна во Дом на Култура “Иван Мазов-Климе”

-Сите планирани активности ќе се потрудиме да ги реализираме а можно е и реализирање на активности кои тековно ќе се појават.

-Во планирањето и реализирањето на активностите е вклучена и директорката Цана Добринова која е иницијатор, соработник и стручна помош при организирањето на активностите.Таа е супервизор на сите активности.

Психологот и Педагогот се соработници во некои активности. Во повеќе од активностите главен соработник и координатор  е Музичкиот Педагог Горан Ѓорев.

СТРУЧНО УСОВРШУВАЊЕ НА СТРУЧИОТ ТИМ ,ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНИОТ 

И ЗГРЖУВАЧКИОТ КАДАР

Во текот на воспитната година стручно усовршување на згрижувачкиот, воспитно – образовниот кадар и стручните работници ќе се реализира преку

  • преку индивидуалната креативна работа и стручни иницијативи и дострели за остварување на програмските содржини на дејноста;
  • списанија и стручна литература како основни помагала во секојдневното работење;
  • Соработката со предучилишните установи на ниво на регион и држава сe  основа  за  понатамошно  успешно  унапредување  и  усовршување  на  воспитно образовната  работа  со деца;
  • стручното усовршување во нашата установа и тоа преку  предавања и работилници од страна на стручниот тим ;
  • Соработува со еминентни професори од Педагошкиот и Филозофскиот факултет од Скопје;
  • Во изминатиот период Министерството за Труд и социјална политика (МТСП)превзеде сеопатни реформи на системот на предучилишното образование – со цел зголемување опфатот на децата во градинка и подобрување на квалитетот на раниот детски развој, обуки на вработените за имплементирање на Стандардите за рано учење и развој на децата.
  • Предвидени со новиот Закон за заштита на децата и Програмата за ран детски развој.
  • Други активности оранизирани во установата на полето следење и вреднување на воспитно – образовната работа во предучилишната установа, преку меѓусебни информирања за сознанијата и искуствата во реализирањето на пооделни воспитно образовни задачи;
  • Преку организираните  прослави и  разни  други активности кои беа дел  од унапредувањето и  усовршувањето  на  воспитно- образовната  дејност;
  • Применувањето на разновидни специјализирани програми како што се музички, јазични, драмски, спортски, игровни, креативни, творечки и друго  се  составен дел на воспитно – образовната  програмата;
  • Учество на Меѓународни конференции

       Поаѓајќи од  т е з а т а дека ВОСПИТУВАЧОТ НЕ Е ВОСПИТУВАЧ АКО СТРУЧНО МЕТОДСКИ НЕ СЕ УСОВРШУВА, не ги пренесува искуствата, не врши иновации во воспитната работа и не учествува во разрешување на стручни проблеми, и оваа  година секој тим на воспитувачи по објекти  за поуспешно реализирање на воспитно образовната работа  и унапредување, усовршување на формите, методите за реализација на воспитно образовните задачи и цели на полето на екологијата, здравјето, правата на детето и истражувачките активности има за задача по сопствен избор да реализира проект и истиот да го презентира на почетокот и крајот на учебната година.Проектните активност ќе се планираат и евидентираат,а матерјалот од реализираната проектна активност ќе се достави до директорот и стручниот совет.

  1. Проект „Еко градинка “

Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.едукативната програма и има за цел стекнатото знаење на тема животна средина да се примени во праксата.

.Преку оваа програма „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.се подигне свеста на децата , воспитувачите, неговтелките, вработемите. родителите и сите оние кои на директен или индиректен начин се вклучени, на темата заштита на животната средина, а со тоа се овозможува теоретското знаење да се примени во праксата (прилог Извештај од реализација на Програмата)

2.Проект „Здрава храна“  оваа година се планирани и превземени активности за одгледување на зеленчукови градини во градинката и тоа во трите објекти и ќе бидат посадени нови овошни садници.во сите  четири објекти. Едукацијата на родителите за значењето на здравата исхрана на децата,со организирање на трибина и организирање на работилница за подготвување на здрава храна. За реализација на активностите ќе се определи одговорно лице кое секој месец ќе доставува извештај до МТСП.

  1. Проект „Градот низ детските очи“ ќе продолжи да се реализира и ова гоина со децата од 5-6 години се разбира со вклучување во активностите што ќе се организираат на ниво на држава.
  2. Проект „Од дете за дете“-хуманитарна акција од децата за децата,че се реализира во текот на цела година .Цел на проектот е децата да научат да бидат солидарни, да научат да помагаатна своето другарче,да разберат колку е ваажно пријателството и помошта на на лицата со социјален ризик.
  3. Проектот „Бонтон за деца“Едукација на деца од предучилишна возраст за значењето на убавото и пристојно однесување ќе се реализира со подршка на проектот „ Бонтон за деца“под Мото: „Однесувај се убаво со што ќе им овозможина децата од најрана предучилишна возрас полесно прифаќање во општеството и подобар живот.
  4. Проектот,,Семејството и семејните вредности’’ со овој проект и активностите предвидени со него ќе се овозможи поблиска соработка со семејствата на децата и нашата установа
  5. Проектот ,,Моја хигиена- моја навика’’ –децата уште од најрана возраст се запознаваат со основните културно хигиенски навики
  6. Проектот -,,Рециклирање со имагинација’’ –децата да се запознаат со селектирањето на материјалот што се селектира и што може со имагинација и креативност да се направат изработки,предмети
  7. Проект ,,Деца чувари на традицијата’’ –запознавање на децата со дел од нашата традиција и игри

Учењето низ проекти со помош на кој детето истражува  определен проблем, има големо значење за детскиот развој, како и за развојот на сите елементи и субјекти во раниот детки развој кај децата

Учењето низ проекти ги почитува разликите и ги потикнува индивидуалните потенцијали кај детето и е можност за учење, создавање истатражувачки дух и детето учи како да учи .

Проектните активности за превенција на забите од страна на Министерството за здраство и ова година ќе се реализира од страна на педадонтите од стоматолошката амбуланта со децата од тригодишна возраст до шест години т.е. до поаѓање во училиште. Проектот се состои од едукација со децата, родителите и заштита на забите на децата со давање секојдневно на  млеко, како и систематски преглед на забите на децата .

       Проектните активности се новина во предучилишното воспитание и се резултат на образовните потреби на општеството и современите текови на образовната технологија. Темите и содржинате на проектите кои се реализираа оваа учебна година во детската градинка потекнуваат од програмското содржинско јадро на Програмата за воспитно образовна работа со деца од предучилишна возраст.

Проективните активности на Проектите кои се рализира во градинката по објекти се проектирани како линеарен распоред на воспитниот матерјал, со можност за концентрично проширување и продлабочување, односно работа на иста тема (проектни активности) во повеќе години .

Планираните проекти-проектни активност се реализираат од страна на стручниот тим на воспитувачи по објекти со заеднички интерес кон подрачјето-темата, јасен структурен план и добра организациона поставеност на проектот. Изборот на раководителот на проектот е од редот на воспитувачите кој е носител на активностите за спроведување на планот на проектот. Оваа година ќе се реализираат следните проекти :

  • Објект Буба Мара И Објект Гроздоберче – Вода 
  • Објект Детелинка И објект Петар Пан – Кукли во Рацете на децата 
  • Објект Изворче – Театар 
  • Објект Снежана – Спорт 

Проектни активности  кои ќе се реализираат оваа воспитна година од страна на воспитувачите по воспитни групи во детската градинка ќе потекнуваат од програмското содржинско јадро.

Имајќи ги во предвид преголемиот  бројот на опфатени деца во градинката  и искористеноста  на  просториите  како  и  искористеноста  на  воспитно- згрижувачкиот  кадар во  рамките  на  градинката  нема да  се  реализираат  вонинституционални  форми  со  децата  од  непосредната  околина.

Изработиле: Психолог: Александра Мицева; Педагог : Билјана Ристова; Воспитувачи: Верица Стафилова, Марија Бошкова, Анѓелинка Божинова, Данка Влаинкова.

ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА СОВЕТ НА НЕГОВАТЕЛКИ ВО ЈОУДГ ,,РАДА ПОЦЕВА“ КАВАДАРЦИ ЗА 2020/21 ГОДИНА

  Во првите години од животот на детето, се создаваат основите на развој и формирање на личноста.

  • Еден од условите за добро здравје и среќно детство е грижата и негата на децата, како основна задача на негователките, со цел да се поттикнува и насочува сестраниот развој на детската личност.

Советот на негователки го сочинуваат 50 лица со соодвета стручна спрема и лиценца, а во секој објект има по една одговорна негователка, директор, педагог, психолог, логопед, дефектолог и стручни соработници по физичко и музичко воспитание.

ЦЕЛ :

Имплементација  на згрижувачката и воспитната работа во установата. При реализирање на активностите, негователките ќе ги почитуваат и реализираат протоколите, кои се предложени од страна на Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика, заради превенција од вирусот  covid -19.

ЗАДАЧИ:

  • Следење на развојот на децата од 01- 02,02 – 03,03 -04,04 – 05,05 – 06 возрасни групи и давање сопствено мислење, сугестии и ангажирања ;
  • Грижа и нега на здравјето, развојот и воспитанието на децата ;
  • Превенција на здравствената заштита на децата ;
  • Унапредување на згрижувачкиот – воспитен процес ;
  • Соработка со семејството, која се засновува на усогласување на позитивните влијанија во грижата за развојот, здравјето и воспитанието на децата ;
  • Водење на евиденција и документација за реализирање на воспитни активности и попладневни активности со децата ;
  • Соработка со директорот, воспитувачите и стучните работници и соработници ;
  • Стручно усовршување ;
  • Учество во подготовка и реализација на активности од Програмата на установата ;

АКТИВНОСТИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАДАЧИТЕ:

  • Планирање на згрижувачко – воспитни активности од 01-06 возрасни групи ;
  • Реализирање на згрижувачко – воспитни активности со децата ;
  • Следење и унапредување на згрижувачко – воспитна и здравствена работа со децата ;
  • Следење на развојот и непосредна работа со децата ;
  • Превенција на здравствената заштита кај децата – проветрување на просториите, честа дезинфекција на играчките,мебелот,рацете….
  • Развивање на културно – хигиенските навики кај децата ;
  • Следење на здравствената состојба на децата во групата ;
  • Уредување на просториите, катчињата, паноата ;
  • Учество во припремите во реализација на детската недела, приредби , претстави;
  • Учество во:
  • Есенска прослава;
  • Прослава за Нова Година;
  • Одбележување на Осми март;
  • Денови на екологија;
  • Априлијада;
  • Спортски игри;
  • Стручно усовршување преку:
  • следење на стручна литература;
  • стручни предавања;
  • семинари реализирани од страна на стручните работници и други институции.