Објектот „Гроздоберче“ е матичен објект на нашата установа. Својата згрижувачка и воспитно-образовна дејност ја започнува во 1963 година, а во 1971 година е дограден и проширен. Зградата има корисна површина од 1090 м2 и дворна површина од 497 м2. Во склоп на овој објект се сместени канцеларија за директор, административната и стручната служба.

Капацитетот е за 80 деца, распоредени во пет воспитни групи.

Сите пет простории-занимални за дневен престој ги задоволуваат потребите за нормален психофизички развој на децата. Тие се доволно големи и светли, секоја со посебна гардероба и сопствен санитарен чвор. Овој објект располага со атрактивна, интересно осмислена трпезарија која воедно се користи како сала за музичко и нуди можности за заеднички активности и игри на децата, театарски претстави, приредби, дружење со родителите, забави и слично, а е поврзана со петте занимални, дистрибутивната кујна, пералната и други помошни простории.

Адреса : ул. Браќа Џунови бр.11 А, Кавадарци

Тел/факс. Е-mail : 043 412 097 ju.rpoceva@yahoo.com