Објект Снежана започнал со работа во 1979 година.Тој е приземјен ,од тврда градба ,покриен со поцинклуван лим .Внатрешната површина пред зголемување на капацитетот изнесуваше 1286м2,а дворот завфаќаше  површина од 3800м2.Во Октомври 2019 година објектот ,,Снежана ,, доби нов простор за згрижување на деца од 187 м2  и сега објектот располага со 11 занимални . Капацитетот на објектот е  178 деца.

Занималните се групирани по две на еден влез односно има 6 влеза односно 5 за родители и еден службен влез . Во објектот има една занимална за деца од најрана возраст и 10 занимални за деца од 2-6 години. Просториите за дневен престој ги задоволуваат потребите за нормален психофизички развој на децата.

Во склоп на овој објект е централната кујна во која се приготвува храна за сите објекти и со сопствено возило храната се дистрибуира во дистрибутивните кујни.

Адреса: Народни Херои бб

Тел/факс.email. 043 412 094