Објект „Детелинка“ започна со работа 1981 год. Зградата е приземна од тврда градба. Зафаќа простор од 5060 м2 од кои на зградата и припаѓаат 1260 м2 и дворна површина 3800 м2. Поради проблемот со недостиг на капацитети за опфат на децата од предучилишна возраст, Општина Кавадарци и ЈОУДГ „Рада Поцева“, реализира проекти за проширување на веќе постоечките објекти. Доградениот дел на објектот ,,Детелинка,, зафаќа 528,01м2.Со извршената промена на просторните делови објект,,Детелинка,,располага со вкупно 1626,01м2 и двор од 4233м2.

Зградата има 4 влеза за децата и еден посебен службен влез. Секоја воспитна група  има сопствен простор за дневен престој, санитарен јазол и гардероба. Двете јаслени групи имаат пространи тераси, а сите останати занимални имаат сопствен излез на мали тераси, а од нив и во дворот.

Адреса: Наќо Лазов бб

Тел/факс. email. 043 412 096