Објектот „Сонце“ започна со работа на 17 јануари 2022 година. Овој објект е нова градба на површина од 2180 м2, од кои 1324 м2 површина на објектот и 856 м2 дворна површина. Проектираниот капацитет на објектот „Сонце“ е 140 деца, а оваа воспитна година ќе бидат згрижени 171 деца во 7 воспитни групи. Овој објект е целосно финансиран од Министерството за социјална политика, демографија и млади, во склоп на проектот за подобрување на социјалните услуги поддржан од Светската банка.

Греењето во објектот е со парно на пелети и со клима-уреди во секоја занимална.

Дворната површина на објектот „Сонце“ е 856 м2 и ги задоволува потребите на децата за изведување на разновидни игри и активности.

Адреса : ул. Ресавска бр.39, Кавадарци