Објектот „Бамби“ – овој објект се наоѓа во дел од просториите на здравствената ординација во с. Дреново, кој е целосно адаптиран и опремен согласно Правилникот за стандардите и нормативите за вршење на дејноста. Овој објект има една занимална и е во рамките на проектот за градинки во руралните средини на Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Објектот има капацитет да опфати 20 деца а оваа година ќе бидат опфатени 7 деца.

Вкупната површина на овој објект е 184 м2, од кои 86,07 м2 се внатрешен простор и 98 м2 дворна површина. Објектот се состои од: надворешни скали, предпростор, занимална од 40,5 м2, дистрибутивна кујна, санитарен простор за деца, санитарен простор за вработените и една канцеларија. Греењето се врши со клима-уред.

Адреса : с. Дреново