
Во јануари 1979 година започна да работи овој објект. Тој е приземен, од тврда градба, покриен со поцинкуван лим. Внатрешната површина пред зголемување на капацитетот изнесуваше 936 м2, а дворот зафаќаше површина од 5825,4 м2. Во октомври 2019 година објектот „Снежана“ доби нов простор за згрижување на деца од 187 м2 и наместо 9, сега објектот располага со 11 занимални – две нови занимални, една канцеларија и тоалет, како и постоечките 2 канцеларии, перална, магацин и помошни простории.
Капацитетот на објектот беше за 140 деца, со доградбата проектираниот капацитет е 178 деца.
Адреса : ул. Народни херои бр.1, Кавадарци
