Објектот „Изворче“ е приземна тврда градба со кос кров. Зградата зафаќа внатрешен простор од 1250 м2 и е со дворна површина од 2838 м2. Капацитетот на објектот е 160 деца. Има 8 занимални, трпезарија, дистрибутивна кујна, канцеларии, перална, кабинет за нагледни дидактички и технички помагала и помошни простории. Секоја занимална има сопствена гардероба и санитарен чвор. Занималните се светли, пространи и со големи тераси. Има пет влеза за прием на децата и еден влез за потребите на кујната. Затоплувањето на објектот е со парно греење на течно гориво – нафта. Котларницата е сместена во подрумскиот дел, а цистерната во дворот.

Адреса : ул. Моша Пијаде бб, Кавадарци