
Објектот „Петар Пан“ започна со работа во месец јули 2019 година. Овој објект има една занимална и е во рамките на проектот за градинки во руралните средини на Министерството за труд и социјална политика. Во овој објект ќе бидат опфатени 14 деца. Градинката ја изгради Локалната самоуправа Кавадарци, а целосно ја опреми Министерството за труд и социјална политика. Објектот е приземна барака со нето корисна површина од 126,42 м2 и двор од 841 м2.
Адреса : ул. Гоце Делчев, с. Марена
Тел.факс. email : 043/364-962
