

Објект „Детелинка“ започна со работа во 1981 год. Зградата е приземна од тврда градба. Зафаќа простор од 5060 м2 од кои на зградата ѝ припаѓаат 1260 м2 и дворна површина од 3800 м2. Има девет занимални од кои две за најмалите возрасни групи и седум за деца од 2-6 годишна возраст. Со првичното отворање на објектот имало 8 занимални, но поради зголемената потреба на родителите за прифаќање на нивните деца во градинка, две помошни простории се адаптирани во занимална каде се сместени деца од 2-3 години, сѐ со цел да ги задоволиме потребите на родителите. Поради проблемот со недостиг на капацитети за опфат на децата од предучилишна возраст, Општина Кавадарци и ЈОУДГ „Рада Поцева“ реализираат проекти за проширување на веќе постоечките објекти. Доградениот дел на објектот „Детелинка“ зафаќа 528,01 м2. Со извршената промена на просторните делови, објектот „Детелинка“ во Кавадарци располага со вкупно 1626,01 м2 и двор од 4233 м2. Во новиот дел на објектот „Детелинка“ во Кавадарци, од страна на општина Кавадарци се згрижени деца, организирани во пет групи. Вкупно, објектот „Детелинка“ ќе биде со капацитет за згрижување на 217 деца до 6 год. возраст, а ќе бидат опфатени околу 312 деца за воспитната 2026/27 год., опфатени во 14 групи, со што според развиеноста објектот е со среден капацитет.
Адреса : ул. Наќо Лазовски бб, Кавадарци
Тел/факс. email. 043 412 096
